• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-Народна партија: Од идната година во Крушево да има само културно - уметничка прослава, а политичките говори да останат во рамки на претседателската резиденција и Пелинце

ВМРО-Народна партија: Од идната година во Крушево да има само културно - уметничка прослава, а политичките говори да останат во рамки на претседателската резиденција и Пелинце
Скопје, 4 август 2022 ВМРО-Народна партија со загриженост ги следеше последните настани од прославата на Илинден во Крушево, со кои овој голем македонски државен празик наместо да биде предмет на сплотување и заедништво се претвори во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури. Но очигледно ова не се случува само оваа година туку со децении наназад, ако го анализираме прославувањето на Илинден во Крушево очигледно од година во година се повторува истото непишано сценарио на поделби. Со цел да се надмине ова сквернавење на овој најголем македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага, а се надеваме ќе добиеме согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја, да од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно - уметничка прослава на која се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија. Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно прифатена од сите политички субјекти. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во ин тегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан