• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

Скопје, 25 октомври 2022

Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“.

123 функционери од власта кријат имот од 30 милиони евра со месеци, а дел од нив со години и институциите не реагираат.

Не може да биде системски пропуст кога 123 лица немаат пријавено имот, може да биде само системско криење.

ДКСК наместо да чека поднесок, треба да почне да си ја работи работата. Како за дезертерот Ковачевски побрзаа да го амнестираат, па потоа кога ги пушти низ вода и сам призна се, а ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка молчат. Што ќе се смени сега?

Наместо да чекаат ДКСК, но и другите институции треба да почнат да постапуваат.

Законите се јасни, но очигледно со СДС на власт, тие не важат за нивните функционери.

Функционерите од власта и ДКСК имаа време да се пријават или отворат постапки. Но наместо извинување кон граѓаните и оставки тие молчат. Затоа денес во 12 часот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на нови детали од аферата „Тајни имоти“.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан