• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема

8 април 2025

Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема.

А нема затоа што на последните избори народот кажа што мисли за капитулациите на Венко и Заев во спорот со Бугарија.

Во врска со обраќањето на Венко Филипче во Брисел од 8.4.2025, во кое се обидува да ја обвини Владата за наводно „самонаметнато вето“ и „откажување од евроинтеграциите“, ВМРО-ДПМНЕ смета дека јавноста заслужува одговор кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност.

Прво, апсурдно е токму СДС, партијата која капитулираше пред секој услов, која со бришење на македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство.

Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење;

Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на реформите, на владеењето на правото, на борбата против корупцијата – вистинските европски вредности.

Филипче зборува за „стратегија“, а токму неговата партија немаше стратегија за ништо: ниту за здравство во пандемија, ниту за енергетска криза, ниту за евроинтеграции. Затоа народот јасно ја казни на избори.

Исто така, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции – нешто што СДС апсолутно го погази.

Затоа, наместо соучесникот во најголемите здравствени и политички неуспеси да зборува за „иднината на државата“, подобро е СДС да се соочи со минатото – и со последиците од сопственото безгрбно владеење.

Во оваа смисла, исто така, од сите луѓе, Венко Филипче, симболот на пропаднатото здравство и човекот чие име стои зад една од најголемите здравствени афери – последен има кредибилитет да зборува за „грижа“ и „реформи“.

Да не беше трагично, ќе беше смешно!

Да потсетиме:

– Човекот кој купуваше кинески вакцини преку фантом фирма во Хонг Конг со провизии од милиони евра, денес држи лекции за транспарентност и интегритет?

– Министерот под чиј мандат изгоре модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 лица, денес зборува за „одржлив развој“?

– Додека тие крадеа преку тендери, фабриките загадуваа, а граѓаните дишеа канцероген воздух.

Филипче, наместо говори, треба да поднесе извештај пред судот и пред граѓаните!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан