• среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче кога беше министер за здравство префрли 7 милиони евра од здравството на фирма со која работи негова роднина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче кога беше министер за здравство префрли 7 милиони евра од здравството на фирма со која работи негова роднина

Скопје, 3 октомври 2024

Филипче кога беше министер за здравство префрли 7 милиони евра од здравството на фирма со која работи негова роднина, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина

За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото, односно што затекнавме од владата на СДС и ДУИ.

Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче кога беше министер за здравство освен катастрофи, не направи ништо. Тоа посебно се виде во корона епидемијата кога него го интересираа само тендерите.

Филипче и континуирано во својот мандат се интересираше само за тендери. За неговото министерување освен сомнителни тендери, корупција и криминал немаше ништо.

Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори. 

Филипче само за една година од здравството на Синерџи префрлил два милиони евра.

Реалноста која ни ја остави владата на СДС може кратко да се опише – корупција, криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

 


https://we.tl/t-qZJXCf7lbS


 

 
Со почит,

Остани поврзан