• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по цена на живот на граѓаните не се откажуваше од тендерите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по цена на живот на граѓаните не се откажуваше од тендерите

Скопје, 4 октомври 2024

Филипче и по цена на живот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани, неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.

Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрување на здравството.   

Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев ги игнорираа ни помалку ни повеќе обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе. 

Филипче не одговори за начинот на кој е спроведен контроверзниот тендерот или не одговори зошто е спроведуван за набавка на парчиња, а не цел објект со што биле заобиколени протоколите за безбедност. 

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан