• петок, 08 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши

Скопје, 4 ноември 2024

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот.

Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.

Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.

Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан