• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП ги призна нашите информации за поврат на ДДВ

ВМРО-ДПМНЕ: УЈП ги призна нашите информации за поврат на ДДВ

Скопје, 14 јануари 2024 

УЈП ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постоело поврат на ДДВ со лажни фактури, што правела Лукаревска и која е нејзината улога во аферата?

УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови.

Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска

Каков претседател, таков заменик претседател.

Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера?

Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет?

Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ?

Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде.

Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет.

Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан