• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Три години од мандатот, Арсовска наместо да работи во интерес на градот и жителите, само менуваше директори

ВМРО-ДПМНЕ: Три години од мандатот, Арсовска наместо да работи во интерес на градот и жителите, само менуваше директори

Скопје, 19 ноември 2024 

Данела Арсовска да се сврти за себе и да види што направи за жителите на Скопје во изминатите три години на чело на градот.

И секако штом се сврти назад, Арсовска ќе види дека за цели три години локална власт во Скопје не направи ништо за Скопје и скопјани.

Во своите три години власт, Арсовска во неработењето за градот и жителите го надмина и нејзиниот претходник.

За цели три години власт го остави градот да се дави во смет и ѓубре. Скопје е толку валкан, што е по нечист град дури и од во времето на Шилегов, кој е синоним за неработење.

Јавниот превоз е во ужасна состојба. Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани.

Но, сепак има нешто што на Арсовска и оди и во што е рекордер. За не цели три години од мандатот, како на производна лента смени 30 директори на јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје и тројца секретари на градот, кои самата ги постави. А во моментов не се знае дали ни дали Скопје има Генерален секретар.

Значи, наместо да работи за подобрување на состојбите во градот, Арсовска три години од нејзиниот мандат добиен од граѓаните се занимавала со лични и персонални праша за раководителите на институциите избрани токму од нејзе. 

И сето ова покажува дека нејзиното делување е на граница на лудоста што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

 

фото МИА архива

 

Остани поврзан