• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите се уште немаат добиено пари за субвенциониран студентски оброк за јануари

ВМРО-ДПМНЕ: Студентите се уште немаат добиено пари за субвенциониран студентски оброк за јануари
Скопје, 1 март 2023 

Наместо да го прослави успешниот крај на семестарот, завршувањето на испитната сесија и други академски и професионални успеси, студентот во Македонија се уште се соочува со проблеми предизвикани од индиферентноста на властите кон студентите и студентскиот живот.

Иако денеска е почетокот на третиот месец од годината, студентите се уште немаат добиено исплата на средствата за субвенционираниот студентски оброк за месец јануари.

Повеќепати е видено дека целата поддршка на власта за студентите, студентските домови, живот и стандард е само декларативна и наменета за активности од делот на политичкиот маркетинг и градењето на лажна слика за наводна грижа за младите во Македонија.

Наместо бунтовност, критика, енергија и креативност, Владата од нас бара слепа послушност, конструктивност и премолчување, игнорирање на нефункционалноста на државните институции, замижување пред целосниот колапс на системот и институциите на државата.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ и како глас на младите во Македонија, порачуваме дека нема да останеме тивки и будно ги следиме сите постапки. Наместо десетици илјади евра за спонзорирани објави и спотови од посети на студентски домови за лична промоција, апелираме до власта да почне да се занимава со реалните проблеми со кои се соочуваат студентите и младите. Апелираме оваа поддршка најитно да се покаже преку дела, а не преку празни зборови.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

фото Фејсбук ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан