• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност и борба против криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност и борба против криминалот

Скопје, 1 август 2024

Спасовски и СДС ја оставија државата ограбена и на цедило, 7 години правеа пустош а безбедноста беше нарушена.

Оливер Спасовски и СДС 7 години ја демолираа државата, ја ограбија и ја оставија на цедило а безбедноста беше нарушена. 

Спасовски делеше пасоши на криминалци и бандити а меѓународни акции за дрога и шверц беа пробивани.  

За време на министерувањето на Спасовски се случија огромни скандали, кражби, и убиства а дрогата царуваше по улиците. 

Во време на Спасовски негови началници и командири пренесуваа дрога, од магацините на МВР се крадеше дрога и оружје, се издаваа пасоши на криминалци и нарко босови од Шкаљарски и Кавачки клан, а затвореници бегаа од затвори. Спасовски направи груба политизација на министерството за внатрешни работи. 

Во време на Спасовски криминалците на сред бел ден пљачкаа банки, имаше мафијашки престрелки по молови, и многу грабежи и разбојништва.

Спасовски да каже една успешна акција што ја направил додека беше на чело на МВР, нема таква.

Спасовски повеќе од 7 години како министер за внатрешни работи го штитеше криминалот на ДУИ и СДС, на почетокот тоа беа Груби и Заев, а потоа Груби и Ковачевски.

Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност, и борба против криминалот, бидејќи меѓународни и домашни извештаи му укажуваа дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите кои треба да се борат против криминалот.

Спасовски директно соработуваше со криминалците и криминалот. 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан