ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев
- СДС, Заев и Спасовски преку Катица Јанева контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, а Јанева имала улога на координатор бидејќи немала експертиза во материјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
11 февруари 2026
СДС, Заев и Спасовски преку Катица Јанева контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, а Јанева имала улога на координатор бидејќи немала експертиза во материјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС.
Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред 10-ина години во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во одреден предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.
Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО. Спасовски преку својот советник давал насоки за избор на предмети и кој обвинител кој предмет ќе го работи, кои лица треба да се опфатат и кој да одговара.
Катица Јанева била само координатор, а предметите ги работеле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.
Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДС. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу, како што сведочи, била отргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева поради што и била избркана од работа.
Прислушуваните разговори, т.е. бомбите, првично не можеле да бидат доказ, но со само една одлука на апелациски судија биле прифатени во судските постапки.
Постоеле координирани врски меѓу СЈО, Обвинителството и судството за да се прифаќаат предмети по насока на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Судии што не соработувале биле изложени на притисоци и закани.
Секој што не бил „тимски играч“ со Јанева и СЈО бил под притисок, а еден поранешен судија и претседател на суд бил осуден.
СЈО на Катица Јанева и Заев се најголемиот срам за правосудниот и за обвинителскиот систем во државата, кој дополнително ја поткопа недовербата во институциите.
ЈО да ги испита целиот случај и одговорноста кај инволвираните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ