• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска никако да престанат да лажат, нема такви кривични пријави за какви таа зборува

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Кузеска никако да престанат да лажат, нема такви кривични пријави за какви таа зборува

8 април 2025

СДС и Богданка Кузеска продолжуваат да лажат и да ја манипулираат јавноста.

Тоа веќе им премина во хронична навика.

Нема кривични пријави за какви што зборува Богданка Кузеска на прес-конференцијата, тие се целосно измислица.

Во однос на протестите и немирите во Кочани, шест лица кои учествуваа во толпа само се повикани на разговор и тоа не резултираше со кривични пријави.

Ниту пак има некаква активност, односно кривични пријави, како што вели Кузеска, за објави на фејсбук.

Оттука се покажува само едно, СДС и Богданка Кузеска, а отворат уста, а лажат.

На народот им е преку глава од ваквото безобразно лажење и манипулирање, како и искористување на трагедијата во Кочани од страна на СДС, за политички поени.

А, во однос на тоа што зборува дека истрагата е селективна, ја потсетуваме дека само до сега во предметот за Кочани опфатени се 34 лица и во притвор се наоѓаат луѓе како од СДС, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, така и луѓе од деловниот свет кои не се дел од политиката.

Исто така, ја потсетуваме Кузеска дека седумгодишното владеење на СДС се карактеризира токму со таа селективност во истрагите и кривичната одговорност, само што таа тогаш не беше вака гласна и од партиската говорница не бараше темелни и неселективни истраги.

Во време на СДС немаше неселективна истрага, ниту пак одговорност, ни за модуларната ковид болница во Тетово во која животот го загубија 16 лица, а која се случи во време на министерскиот мандат на сегашниот претседател на партијата, Венко Филипче.

Неселективна правда и истраги, а ниту приведени функционери, немаше ни за Ласкарци, односно Дурмо турс и Беса транс и за сите овие трагедии виновни беа или шасиите, или пак продолжните кабли.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан