ВМРО-ДПМНЕ: СДС имаа седум години власт да ги зголемат платите, не спроведоа ниту една политика која ќе донесе раст и развој на економијата
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 3 март 2025
СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот.
СДС ја отвори спиралата на зголемени цени и го плафонираше јавниот долг.
Со години СДС не спроведе ниту една политика која ќе донесе раст и развој на економијата, напротив како држава на економски план бевме во слободен пад.
Предлогот што сега го предлагаат можеа да го спроведат, но наместо тоа се фокусираа на испумпување на милиони од буџетот. Доколку сега се реализира нивниот предлог тоа ќе значи крах на Фондот, затоа што украдоа се што можеше.
ВМРО-ДПМНЕ ја менува сликата за Македонија, платите реално почнаа да растат, се покачија пензиите, економијата се развива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на прес-конференција на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива