ВМРО-ДПМНЕ: СДС водеше антидржавничка политика за остварување бизнис-интереси, удомија соработник на Путин
- СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, за остварување на своите лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про-ЕУ и про-НАТО, Филипче и Заев, во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 4 март 2026
СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, за остварување на своите лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про-ЕУ и про-НАТО, Филипче и Заев, во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
СДС на Филипче и Заев му дал македонско државјанство на рускиот олигарх Александар Онишченко и му овозможил во државата да тера бизниси.
Онишченко е човек осуден на казна затвор од 15 години за перење пари и корупција и член и пратеник на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
За скандалот да биде поголем, владата предводена од СДС го удоми во Македонија и му даде пасош во период кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од Украина и кога ниедна држава не го прими и не му даде престој.
Ама затоа СДС на Филипче и Заев беше тука широко да му ја отвори вратата на рускиот бизнис и на Путин за преку Македонија да прават пари во Европа.
СДС, Филипче и Заев, наместо да ги штитат македонските интереси, водеа антидржавна политика и доделуваа државјанства на руски олигарси, луѓе блиски до Владимир Путин, и од него ги дели само еден телефонски повик.
Но, таквите игри и комбинации на СДС со Русија преку македонските институции ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тоа повеќе нема да биде случај.
Заврши времето кога СДС со предавничко и антидржавничко однесување ги остваруваше бизнис-интересите на Филипче и Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива