ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери, се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол тежок 167 милиони евра
- СООПШТЕНИЕ: СДС е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра. На македонската јавност и е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДС и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните. Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДС и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДС од ДУИ, Исмаил Јахоски.

Скопје, 15 март 2025
СДС е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра.
На македонската јавност и е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДС и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните.
Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДС и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДС од ДУИ, Исмаил Јахоски.
Седум години на власт, СДС се погрижиле династијата од Пласница енормно да го зголеми богатството, но за жал на штета на здравјето на граѓаните.
Седум години Пуцко Петрол од СДС, како од централната, така и од локалната власт земал тендери тешки милиони евра.
Седум години Пуцко Петрол заедно со РКМ ги труеле граѓаните со канцероген мазут.
Седум години СДС го толерирала Пуцко Петрол, затоа што и самите беа вклучени во криминалот тежок скоро 167 милиони евра, преку кој со канцероген мазут го труеја народот.
Директни учесници на СДС во овој криминал во ТЕЦ Неготино, се нивниот кадар и директор во бегство од правдата, Васко Ковачевски и другите нивни функционери.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива