• недела, 07 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излегува на избори со кадри кои по неколку пати изгубиле избори

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излегува на избори со кадри кои по неколку пати изгубиле избори

Скопје, 8 јули 2025

СДС нуди кадри кои веќе еднаш претходно се одбиени од граѓаните на избори, или не живеат во општините за кои се кандидирани.

Не постои друга партија која е толку упорна како СДС да ги награди најнеспособните кадри.

Наместо нови кадри со некаква визија или интегритет, СДС повторно кандидира лица кои веќе еднаш се одбиени од граѓаните.

Кандидати за градоначалници како Дарко Блажевски, кој е поранешен градоначалник на општина Јегуновце.

Блажевски е повторно во игра, иако е единствениот  човек кој некогаш затворил јавно претпријатие.

Блажевски на граѓаните на општина Јегуновце им ветуваше културен дом, проект од 50.000 евра, за на крај самиот да си го откупи тој културен дом.

Човек кој приватизирал простор што припаѓа на граѓаните, СДС сега  го нагрдува со кандидатура.

Вакви се стандардите на СДС, и јасно е зошто ја имаат изгубено довербата од граѓаните.

Слична е ситуацијата со Ѕвонко Васев. Човек кој со години не живее во општина Сопиште, не знае што се случува таму, не се среќава со граѓаните на таа општина.

Васев нема никаква претстава за потребите на граѓаните во општина Сопиште и нема контакт со нивното секојдневие.

Очигледно  е дека во СДС нема буквално никакви критериуми.

Според ова, СДС смета дека локалната власт е прибежиште за неуспешни поединци.

СДС не само што нема кадри, туку веќе нема ни срам.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан