• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставови на Николовски за новото раководство на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставови на Николовски за новото раководство на СДСМ
реакција на ставовите од интервјуто на Љупчо Николовски за Сител телевизија 17.05.2021 Новото раководство на СДСМ се луѓе познати по скандали и афери и луѓе кои ги штитат фирмите и бизнисите на Заеви Секој што беше замешан во криминал, афери и скандали стана дел од новото раководство на СДСМ. Јасно е што ќе биде новиот фокус на партијата, криминал и провизија од матни зделки. Сања Лукаревска шефицата на УЈП ги штити фирмите и компаниите на семејството и роднините на Заеви. Николовски путерот кој ја штити корупцијата и криманалот во државата и ја спадна Македонија на 111-то место според индексот за корупција. По 5 години власт најголемото достигнување на Љупчо Николовски беше запленетиот бајат путер што не жоже да се каже вистинска борба против корупцијата, а најважно патување му беше одморот во Дубаи. Венко Филипче пак, е човекот кој во сред пандемија наместо со спасување на човечки животи се занимаваше со провизии. А Битиќи не успеа да донесе ниту една инвестиција, економијата ја доведе во колапс што резултираше со 6.200 затворени фирми, а поради тоа 60.000 граѓани останаа без работа. Експертот за сè, а најмногу за уништување на македонското образование, Мила Царовска е исто така во раководството на СДСМ. Министерката која го уништи ресорот труд и социјала, помогна во девастирање на економијата во сред пандемија, сега го уништува образованието. Додека низ Македонија родителите протестираат, Царовска форсира модели на дигитализација кои се непознати за развиениот свет. Тоа се луѓето во старо-новото раководство кои што многу добро се покажаа во сферата на криминалот, скандалите и корупцијата и според тоа си добија заслужени места во врвот на криминогената СДСМ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан