• недела, 24 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП не е доволен да го надомести ланскиот пад од 15 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на БДП не е доволен да го надомести ланскиот пад од 15 отсто
Скопје, 7 септември 2021

Пресот на Јован Митревски и СДСМ е уште една епизода од серијата веселата математика на СДСМ.

Последниот раст на БДП со кој СДСМ се фали е помал од падот кој лани во второто тромесечие го имаше македонската економија. Имено лани падот изнесуваше – 15%, а растот за истото тромесечие оваа година изнесува 13%. Ова значи дека македонската економија не е ниту на нивото од 2019-та, а не пак да зборуваме за некаков раст.

Исто е и со нивото на индустриското производство, каде годинава има раст од скромни 5% споредено со лани, кога имавме пад од неверојатни 14%.

Македонија со Заев е убедливо најслаба во споредба со регионот, мерено во било која област. Имаме 5 до 13 пати помалку странски инвестиции, а имаме и една од најголемите стапки на раст на долгот. Имено владата на Заев веќе проектира долгот да достигне неверојатни 9 милијарди евра, што во комбинација со лошите економски политики ја турка Македонија кон грчко сценарио. Не само враќање на долгови, граѓаните со оваа власт треба да очекуваат и зголемување на такси и даноци, што веќе е најавено со новите такси и зелени даноци.

Со власта на Заев може само да расте стапката на сиромаштијата, која до сега опфаќа 600 илјади граѓани, а во исто време богатење на мафијата на власт. Власта на Заев нема ниту стратегија, ниту план за економски прогрес, а тоа граѓаните досега многу скапо ги чини. Очигледно СДСМ се богатат, како во случајот со Шилегов, а државата е се посиромашна.

Решението е пораз на Заев и неговите погубни политики. Само така е возможно граѓаните да живеат подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан