• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава

Скопје, 13 август 2021

Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор.

Сега не е време, ниту место за партиски политички промоции во време на прогласена кризна состојба и во време на повторно влошување со КОВИД пандемијата во државата.

Наместо парите да се потрошеа за политички забави, власта на СДСМ и ДУИ требаше да ги пренамени во многу по продуктивни и побитни работи за граѓаните и државата во моментов.

Можеа парите да ги пренаменат за реконструкција на училишта, водоводни и канализациони мрежи во Полошкиот регион, а можеа и да купат неколку нови противпожарни возила со што би спречиле повторна катастрофа со шумските пожари.

Најголемите непријатели на Охридскиот рамковен договор се токму СДСМ и ДУИ со секојдневното пљачкосување на граѓаните, криминалот и тендерите за нивните блиски луѓе и со секојдневните поделби на граѓаните.

Парадата денес ќе заврши, парите ќе ги потрошат, славјето ќе помине, а реалноста ќе остане. Младите повторно ќе заминуваат од Македонија, фирми ќе се затвораат, луѓе ќе остануваат без работа заради неспособноста и криминалот на двоецот СДСМ-ДУИ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан