• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче
Соопштение до јавноста, реакција на ставовите на Венко Филипче дадени за дневникот на телевизија Сител Датум: 27.03.2021 Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40-тина лица дневно само од корона. Венко Филипче вели дека тоа што граѓаните заминале на вакцинирање во Србија е пријателски гест на соседна Србија. Да, Филипче, тоа е пријателски гест, ама е голем срам за тебе, за владата предводена од Заев. Сите тие граѓани кои заминуваат на вакцинација во Србија, плаќаат даноци во Македонија, плаќаат здравстевно осигурување, а поради неспособноста на Филипче и Заев се приморани да патуваат за вакцина. И во ваква ситуација, Филипче се дрзнува да каже дека ова сега се е под контрола иако бројката на починати се движи кон четири илјади. Се шета по телевизии и вели следната недела ќе биде критична, а во меѓувреме не прави ништо. Ама иако вели дека следната недела може да биде критична сепак попис можел да се спроведе. А, тоа што опозицијата изразува незадоволство и протест од лошата ситуација не било во ред, ама во ред беше кога минатата недела тој и неговите партиски пријатели се шетаа, се сликаа и гласаа за единствениот кандидат за претседател на нивната партија. Само кога Филипче и Заев ќе си заминат граѓаните ќе видат што е грижа за нив! А Филипче и Заев ќе одговараат за оваа катастрофа која им ја приредија на граѓаните! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан