ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат
- Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 22 февруари 2026
Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.
Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа.
Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул.
Фото: МИА архива