• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Податоците кои Царовска ги соопштува не се реални

ВМРО-ДПМНЕ: Податоците кои Царовска ги соопштува не се реални
Скопје, 16 ноември 2020 Партиските директори на училиштата поставени од СДСМ одбиваат да дадат точни податоци за заболени наставници и ученици, како и продолжуваат да ги кријат и не ги пријавуваат новозаболените, веројатно од страв да не се налути Царовска. За време траење на корона кризата во светот училиштата први се отвораат и последни се затвораат, но не со 40 смртни случаи дневно исто како во Бергамо. Министерката знае дека бројките и се неточни има многу повеќе заразени од коронавирус меѓу наставниците, отколку што се дрзнува да вели дека ситуацијата била одлична во образованието. Ќе беше поинаку ако Царовска се соочеше со претставник на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе можеше да се соочи со аргументите кои се релевантни, наместо лажните бројки и манипулацијата со јавноста. Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за распуст од 15-ти декември е заради состојбата во која се најде образованието и политиките на власта кои одат дотаму да ги навредуваат вредните образовни работници, а мака мачат да образуваат во вакви услови. Власта наместо да набави компјутери за сите наставници и ученици уште за време на летниот распуст, ги пушти и наставниците и учениците во најголем пик на пандемијата без услови за образовен процес. Со политиката виновни се наставниците што не сакаат промени и лажните бројки Царовска исто како и Филипче ќе се закопа во сопствените лаги и неспособноста која ја прикажува. Мила Царовска да престане да лаже и да го каже точниот број на заболени во образованието, лажните бројки се на штета на илјадниците семејства кои секојдневно имаат последици од коронавирусот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан