ВМРО-ДПМНЕ: Парасистемот на СДСМ и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 10 април 2025
Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата.
Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана.
Да биде појасно: Сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ, во времето на Заев и Филипче. Тоа е нивниот Совет. Нивната мрежа. Нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот.
Ова не е изолиран случај. Ова е дијагноза на системот – болен, трул, партизиран до коска. Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам.
Кога велиме „калуѓери што мрсат и во петок“, мислиме на лицемерие без граници. Морален распад. Луѓе без срам кои носат одлуки со кои се убива надежта дека правдата постои.
Но нема да остане така. Овој систем ќе падне. Ќе има независен судски систем, ќе има правда. Ќе има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива