• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувана беше одлуката на ДКСК да не отвори предмет за „Броило“

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувана беше одлуката на ДКСК да не отвори предмет за „Броило“
Скопје, 10 октомври 2022  Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило. Ниту не почекаа да ја добијат претставката за Ковачевски и броило, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски. Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце. Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан