• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Од Ковачевски не може да се очекува долгорочен план

ВМРО-ДПМНЕ: Од Ковачевски  не може да се очекува долгорочен план

Скопје, 16 март 2023

Ковачевски не може да ја сокрие нервозата. Таа е толку очигледна на секое негово јавно појавување, а особено на денешното интервју. Тоа е резултатот на лажната реалност која ја презентира, а во која ни самиот не верува. Мисли дека ако купил едно пакување макарони со многу помпа и камери, знае како живеат граѓаните. Очигледно ниту знае, ниту ја чувствува инфлацијата која ги изеде платите и стандардот на граѓаните. Неговите статистички гимнастики не може да ја заменат горчливата реалност на луѓето кои имаат се помалку пари да си ги приуштат работите кои можела да ги купат пред 2, 5 или 10 години. Спектакуларното намалување на тестенините за неколку денари, е несразмерно за континуираниот рас на цените кој трае повеќе од година, растот на  цената на струјата, горивата итн.Јавноста не ни очекуваше Ковачевски да каже некоја стратегија или долгорочен план, бидејќи како што најавуваат неговите газди во Владата тој е само едно преодно решение во Владата кое го чува столчето за некој нов премиер во наредните месеци.
Плејстејшн политичарот Ковачевски, како го вклучија така и ќе го исклучат од Владата, со притискање на едно копче, било тоа да е во Муртино или во Мала Речица.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан