• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Нови дестинации од двата домашни аеродрома, преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нови дестинации од двата домашни аеродрома, преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните

Скопје, 9 април 2025 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии.

Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.

Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати.

За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.

Исто така, се преговара И за уште десетина нови авиолинии.

Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).

Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.

После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.

Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе доаѓаат надвор од главната туристичка сезона.

Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:

Скопје -Женева која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и

Скопје-Париз (аеродром Орли) од 2 април 2025.

Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул

Охрид - Базел Мулхаус

Скопје - Дубаи

Скопје - Штутгарт

Скопје - Лион

Скопје – Барселона

Се преговара и за воспоставување на нова линија Скопје –Прага, како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари.

Освен новите авиолинии кои се воведоа и тие за кои се преговара, за прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите, и ќе се гради нова терминална зграда. Реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Целта е подобрување на квалитетот на животот на македонските граѓани, подобар проток на добра и услуги, како и инвестиции и пораст на економскиот развој.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан