• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поефтино

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поефтино

Скопје, 22 септември 2024

Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е.

Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле ефтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ.

Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра.

Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан