• среда, 11 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата од фијаското на протестите на ССМ и обелоденувањето на партиската позадина на Трендафилов, тој сака да ја претстави во форма на жртва

ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата од фијаското на протестите на ССМ и обелоденувањето на партиската позадина на Трендафилов, тој сака да ја претстави во форма на жртва

Скопје, 11 февруари 2026 

Фијаското на протестите на ССМ и Трендафилов пред Собранието, како и обелоденување на партиската позадина која стои зад протестите, се причина за огромната нервоза на Слободан Трендафилов, кој сака да се претстави како жртва на политички прогон, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма. 

Трендафилов користејќи ја ситуацијата на жртва, призна дека има 57.000 денари плата, како и дека користи службено возило.

Човекот кој лицемерно се „бори“ за зголемување на минималната плата за 200 евра и останатите плати за 100 евра, призна дека зема околу 1000 евра плата, или 2,5 минимални плати, а нашите сознанија говорат и дека добива дополнителни финансиски средства во форма на бонуси и додатоци.

Доколку Трендафилов смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции.

Дополнително, го советуваме Трендафилов, помалку да ги слуша советите од Филипче, а повеќе да се интересира за интересите на работниците.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе работи на зголемување на платите во сите сектори.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан