• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието
Скопје, 27 август 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието бидејќи тоа е непотребен трошок што ќе го плаќаат граѓаните. -Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави, рече Јанушев за вестите на ТВ Сител. На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри. -Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму, рече Јанушев. ев/ МИА ФОТО: Архива 

Остани поврзан