• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав
Скопје, 19 јули 2022

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има.

Преговарачката рамка мора да се смени.

Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија.

Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот?

Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија.

Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија.

Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност.

  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 
 

Остани поврзан