• среда, 18 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ на теренски активности „Ова е Македонија за сите“ меѓу граѓаните во Чашка, Ростуше и неколку места во Овчеполието

ВМРО-ДПМНЕ на теренски активности „Ова е Македонија за сите“ меѓу граѓаните во Чашка, Ростуше и неколку места во Овчеполието

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, пратениците Никола Мицевски и Игор Здравковски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ денеска посетија неколку населени места низ државава.

-Денес нашиот тим е во посета на населените места Жировница, Ростуше и Требиште. Од разговорите со граѓаните може да се заклучи дека овој крај е иселен. Ако во минатото луѓето се иселувале од тука од економски причини, денес се иселуваат поради неправдите, притисоците и криминалот што тука се случува“, истакна Сајкоски. 

Сајкоски додаде дека голем број од жителите укажаа дека Општината Маврово Ростуше, градоначалникот, но и јавните претпријатија управувани од локалната власт на ДУИ и СДСМ изминатиот период ништо не сработија, ниту за општината Маврово Ростуше, а ниту за населените места.

Тој посочи дека во изминатиот период наместо да се зголемува бројот на вработени на ниво на државава, има податок дека се намалува бројот на вработени при што од пред неколку години од  720.000 вработени денес има само 690.000 вработени. Неработата, криминалот, корупција е одлика на оваа власт и локална и централна.

-Ние се обврзавме пред граѓаните и тука, и секаде каде што ги посетуваме населените места дека во нашата држава мора нешто да се смени. Ветуваме дека ќе направиме сериозен план и стартегија и за Маврово Ростуше и за цела Македонија. Со план со кој ќе го подобриме животот и ќе дадеме надеж на младите генерации дека во нашата држава може да се живее, може да се развиваат нашите деца, порача Сајкоски.

Пратеникот Здравковски ја посети општина Чашка каде што во директна комуникација со граѓаните ги слушна нивните проблеми. Здравковски од Чашка истакна дека власта наместо да ги решава проблемите на граѓаните таа троши милионски суми на сомнителни договори за коридорите 8 и 10 Д. 

-Општина Чашка е една од најголемите и најубавите општини во Република Македонија и изобилува со многу природни ресурси, меѓутоа  најголемиот проблем за дел од жителите во оваа општина е што во летниот период има голем недостаток на вода, меѓутоа наместо власта да го реши овој проблем тие трошат милионски суми народни пари за „Бехтел“ и Енка, крадење на институциите и тн. Евидентна е лошата инфраструктура, лошата индустрија, лошото стопанство во овој регион, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ има решение, и во претходната програма и во наредната ќе предвидиме да продолжи делницата од автопатот 10 Д општината Чашка да биде поврзана и со Велес и со Прилеп со едно брзо сообраќајно решение и така да ја развиваме инфраструктурата. Продолжуваме посветено, тука сме за да ги слушнеме проблемите тука сме и да најдеме решение на проблемите, нагласи Здравковски.

Мицевски при посетата на неколку места во Овчеполието оцени дека народот живее во сиромаштија.

-Викендот сме во Овчеполието, ги посетивме Пеширово, Ерџелија, Мустафино, ќе одиме и во Горобинци и секаде. Ги слушаме истите изрази, истите фрази и истиот говор од македонскиот народ. Народот живее во екстремна сиромаштија, проблемите кои што се секојдневни, ветувани, а нереализирани од оваа власт продолжуваат да ги мачат“, истакна координаторот на пратеничката група Мицевски.

Мицевски додаде дека проблемите со земјоделие, кое што е примарно во овој дел од државата се навистина големи. Неисплатени субвенции за млеко, неисплатени и други субвенции. Каналот за наводнување се уште не е пуштен во функција, а веќе е средина на мај месец.

-Македонија се соочува со многу други проеблеми од здравството, од инфраструктурата, се натиснати над овие луѓе. Очекуваме дека власта ќе има слух и ќе ги слушне, а доколку не се случи тоа ВМРО-ДПМНЕ е овде ги нотира сите забелешки и заедно со граѓаните на први наредни избори ќе ја преземе власта и ќе ги реализира овие ветувања“, порача Мицевски. нд/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан