• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, веднаш

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, веднаш
Скопје, 21 октомври 2021 Заев треба да си поднесе оставка од Влада и од СДСМ, 3 пати добива порака од народот и 3 пати продолжува со лажење и крадење. Заев 3 пати ветува промени и се колне дека разбрал, и 3 пати упорно продолжува да краде и лаже. Заев е исплашен од поразот кој го доживеа и знае дека уште еден таков пораз го очекува на 31 октомври. Заев е исплашен затоа што се плаши од пад на владата и воспоставување на правен систем во државата, а со тоа ќе дојде и со одговорност за неговите криминали. Заев доби метла, па глумеше дека ќе чистел во партијата и владата, потоа се колнеше дека ќе се реформира, за на крај сега во очај да вели дека разбрал што сака народот да му каже. Народот сакаше да му каже но тој не го слушаше кога со Филипче сакаа да земат провизии од кинеските вакцини. Народот гласно викаше, ама на Заев не му се слушаше кога Вице рекетираше фирми кои работат во РЕК и мистериозно името му исчезнуваше од кривичните пријави. Заев не го слушна народот кога Рашковски беше фатен инфлагранти како мести тендери, а тој упорно го бранеше дека не е виновен. Заев ме ги слушна скопјани кога викаа дека Шилегов е криминален, дека гради зграда дивоградба, и хациенда на Маврово. Заев не сакаше да го слушне народот ниту кога 14 луѓе живи изгореа и цела држава бараше оставка од Филипче. Народот се умори од викање по Заев, но тој не го слушна ниту еднаш, нема ни сега, затоа е завршено со Заев. Народот сака промени. И тоа веднаш. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан