• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение

Скопје, 20 август 2023

Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение.

Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и што уште не. Не само што нема уставни измени, и што ВМРО-ДПМНЕ е конзистентно на ставот против уставните измени, туку и пратеници од СДС и коалицијата се против.

Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени.

Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните.

Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци.

И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне.

Единствен излез од оваа криза се само избори.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан