• среда, 18 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кој од нашите два предлога е прифатлив пред каков било друг чекор

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кој од нашите два предлога е прифатлив пред каков било друг чекор

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ, потребен е јасен и недвосмислен одговор пред било каков друг чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по вечерашните седници на Извршниот и Централниот одбор. 

Откако Ковачевски кажа дека на лидерската средба нема договор, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега направи партиски состанок за кој разговара за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што Македонија има пишман премиер и тоа што главната комуникација оди преку јавни препукувања говори за тоа во каква атмосфера се носат важни одлуки.

- Уставни измени какви што понуди СДСМ под бугарски диктат не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ не е прифатливо членство во ЕУ и заштита на националниот идентитет. Она што беше понудено од претседателот Мицкоски е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дополнуваат, понудени се два предлога.

-Првиот преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, вториот избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.  Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ? Потребен е јасен и недвосмислен одговор пред каков било друг чекор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска информираше дека ЦО оценил  дека е добро што на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент, како и дека го поздравуваат, како што рече, првиот чекор што го направил Мицкоски со прифаќањето на уставните измени.ар/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан