• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска - ДУИ - СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска - ДУИ - СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

Скопје, 17 август 2024

Се излегува на површина со тек на време, па така и коалицијата СДС - ДУИ - Данела Арсовска. Коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ одамна ја обелоденивме и одамна народот ја препозна, всушност заради таа коалиција Скопје тоне.

Назначувањето на Јетон Бучи од ДУИ, како и директорите во ЈСП се доказ од кого Скопје пати.

ДУИ и СДС како власт ја фатија Арсовска, ја корумпираа и уценија и сега таа е беспоговорен извршител на сите налудничави идеи на ДУИ и СДС меѓу кој е и нивниот плиткоумен план да го остават Скопје да тоне во ѓубре и неефикасни локални градски институции а паралелно да го набедуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е криво за тоа.

Како што ја распаднаа државата и нејзините институции сега го прават на градот Скопје. На ист начин. Со исти методи и со исти актери со несомнен морален дефект. Е до таму им оди умот на овие бандити, кои се кријат во раководствата на СДС и ДУИ, кои лесно наоѓаат свој извршители по сопствени вредности, имиџ, карактер и критериуми, искористувајќи им ги слабостите и отстуството на морални вредности како во случајот во името на лицето Данела Арсовска.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан