• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите им слугуваа на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите им слугуваа на СДС и ДУИ

Скопје, 16 август 2024

Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ. 

Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на судиите?

Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?

Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ се рак рана и извор на криминалот во ова општество и ќе има одговорност за сите кои ја попречуваат правдата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан