• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено утре да оди на избори, вели премиерот

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено утре да оди на избори, вели премиерот

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - ВМРО ДПМНЕ е подготвен да оди на предрвремени парламентарни избор утре, истакна денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање дали доколку СДСМ иницира распуштање на Собранието, како што се споменува во една од опциите за него би биле прифатливи предвремени парламентарни избори.  

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски вели не е проблемот, дали да се оди сега на предвремени парламентарни избори, туку прашањето е дали е потребно да се потрошат дополнителни 10 милиони евра за избори, а тоа се пари на граѓаните. Посочи дека во тој период  ќе застане системот, нема да се  испорачуваат реформи, за да, како што рече Мицкоски, „уште еднаш СДСМ се соочи со уште еден голем пораз“.

-Овој пат мислам дека ќе биде поголем од тој што го имаа пред шест месеци или да избереме опција да работиме четири години и така натаму, така натаму и да ги засукаме ракавите за доброто на граѓаните. Јас би ја изврал втората опција. Затоа реков мандатот на оваа Влада на граѓаните што го доби е четири години. Дали сме подготвени? Утре да одиме, подготвени сме, нема тоа никаков проблем. Но, ние носиме одлуки коишто се во интерес на граѓаните, не во интерес на љубители на естрада, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека треба да се носа одлуките врз основа на тоа што граѓаните го очекуваат од нив, а претстојните локални избори се можност за партиите да видат каква им е довербата кај граѓаните.

-Еве локални избори ќе има за десеттина месеци од денеска, ќе имаме кампања, отприлика ќе видиме каде стоиме - што стоиме. Јас би им посакал на двете поголеми опозициски партии, во својата опозициска коалиција, тие две политички партии, заедно со една помала политичка партија, програмски да се освежат, кадровски да се освежат и тоа да го покажат на следните локални избори. Тогаш можеме да зборуваме за тоа дали ќе има потреба или ќе нема потреба од предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски кој  ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан