ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои даваа наредби на правосудните органи за судски предмети и постапки се СДС, Заев и неговата дружина
- Единствени во државата кои даваа наредби на правосудните органи за тоа кој да биде гонет, а кој изземен од судски случаи се СДС, Заев и неговата дружина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
2 април 2026
Единствени во државата кои даваа наредби на правосудните органи за тоа кој да биде гонет, а кој изземен од судски случаи се СДС, Заев и неговата дружина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Сведоштвата на Кадриу, обвинителка во поранешното СЈО на Катица Јанева и Ленче Ристоска, велеа дека токму Заев, Шеќеринска и луѓе на Оливер Спасовски доаѓале во канцелариите на СЈО и тие кажувале кој да се суди, а кој не.
СДС мора да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се однесува како нив. Ако тие го партизираа судството и обвинителството и си поставуваа послушници на тие позиции или што би рекол нивниот врховен лидер, Заев, дека го отворија судството како пупка, ние тоа нема да го правиме, туку напротив, луѓе кои се докажани професионалци во работата ќе си ја земат работата во свои раце и ќе ја вратат довербата во правосудниот систем.