• вторник, 12 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дванаесетте директори на Хирургија и министерот Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Дванаесетте директори на Хирургија и министерот Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена

Скопје, 2 јуни 2024

12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена.

Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат.

15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија.

Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување.

Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството.

За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан