• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше предлогот за намалување на акцизата и ДДВ

ВМРО-ДПМНЕ: Горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше предлогот за намалување на акцизата и ДДВ

Скопје, 8 јуни 2022

Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ.

Во цената на безоловниот бензин 95, акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари, со тоа цената на истиот сега е 110 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тој од утре ќе се продаваше за 86.3 денари. Односно скоро 24 денари поевтино.

Безоловниот бензин 98 денеска се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ денеска цената на безоловниот бензин 98 ќе беше 88.1 денар.

Иста е сликата и со дизел горивото, каде акцизата учествува со 15.5 денари во вкупната цена, а исто така ДДВ со 15.5  денари со што тој се продава за 102 денари, за разлика од сега доколку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен, дизелот денеска ќе се продаваше за 82.4 денари. Или скоро 20 денари поевтино.

Буџетската импликација од 50% намалување на акцизата на годишно ниво е околу 50-тина милиони евра. Ова се пари од кои Ковачевски и СДСМ не сакаат да се откажат и по секоја цена сакаат да ги земат од џебот на граѓаните, за да имаат повеќе пари за крадење.

Буџетската импликација врз буџетот за државата е незначителна, но затоа користа за граѓаните би била огромна. Дополнително ако се земе предвид дека намалувањето на цената на горивата ќе влијае на намалување на транспортните услуги, трошоците во земјоделието и индустријата. Намалувањето на цената на горивата ќе влијаеше на зголемена потрошувачка и повеќе пари и во економијата и кај граѓаните.

СДСМ не знае да управува со економијата. Со СДСМ само тонеме. Премногу е, протест за промени на 18 јуни пред влада.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан