• среда, 20 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ во Мостар на регионална конференција

ВМРО-ДПМНЕ во Мостар на регионална конференција
19 септември 2021  Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски и портпаролот Марија Митева учествуваат на дводневната регионална конференција "Поврзување на ЕПП во регионот" - Политички дијалог на партиите од ЕПП од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Германија, Грција, Црна Гора, Македонија, Србија и Словенија. Заедно со партнерската организација, Фондацијата Конрад Аденауер од Германија, учесниците се осврнаа на теми од регионално и меѓународно значење, како што се миграцијата, бегалците, владеењето на правото, одливот на младите од регионот. Особено беше подвлечено значењето на продолжување со евроинтеграција на целиот регион. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа на прекин на политиката на блокади и вета, и брзо отворање на преговорите за Република Македонија. Учесниците заклучија дека местото на Балканот е во Европската унија и дека дојдено е време за реализирање на овој европски сон на проширување од кој бенефит ќе имаат сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан