• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже каде е заемот од ММФ од 900 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже каде е заемот од ММФ од 900 милиони евра
Скопје, 15 септември 2022 Во април 2022 година, на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ) Министерот за финансии Фатмир Бесими помпезно најави дека Македонија добива препорака за пристап до кредитната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ, ни помалку ни повеќе од 900 милиони евра за две години со камата од 1%. Поскапените опции за задолжување преку еврообврзница ја сменија тогаш стратегијата на македонската влада, која објави дека преку монетарците ќе го финансира буџетот. Но, новиот заем требаше да се одобри по скенирање на состојбите од страна на монетарците, кои во јули допатуваат во Скопје. Како што беше кажано, ако оценат дека земјата ги исполнува условите, тогаш каматата за позајмицата ќе изнесува 1 процент. „Оваа кредитна линија е достапна за земјите членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност, како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза, особено по војната во Украина“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими. Народната банка кажа:  „За да се одобри инструментот, земјата треба да има пред се генерално позитивни оцени при последната мисија на Фондот. Исто така, дополнително се врши оцена на стабилноста на надворешната позиција, на монетарната политика, на фискалната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор, како и соодветноста на статистичките податоци. Доколку по било која од овие категории земјата има значителни ранливости, тогаш таа не може да добие пристап до овој инструмент. Доделувањето на овој инструмент, воедно е признание дека за целиот овој период, од почетокот на пандемијата наваму, е задржана макроекономската стабилност, односно здравите економски фундаменти“, соопштија од кабинетот на Гувернерот Анита Ангеловска Бежоска, која беше заедно со министерот Фатмир Бесими е во Вашингтон. Тимот од ММФ ја посети Македонија во јули, а после тоа нема ниту збор од Владата и од НБРМ за заемот. Како што би кажале од НБРМ, фактот што не го одобри ММФ заемот е потврда дека при последната мисија немало позитивни оцени и дека земјата има значителни ранливости во некои сегменти од политиките. Воедно, со ваквиот чекор ММФ не даде признание за успешноста на политиките во справувањето со кризата од пандемијата или дека се задржале здравите економски фундаменти. Јавниот долг експлодира, дефицитите се задржаа на високо ниво, а непродуктивните трошења се зголемија. Ако нашето судство не го слуша Државниот завод за ревизија кој установи злоупотреби на парите за ковид - мерките, тогаш веројатно ММФ го послушал. Со оваа криминална Власт, никој нема да ни позајми пари или пак скапо ќе се наплати. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан