• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не имплементирала над 80 отсто од препораките на ГРЕКО

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не имплементирала над 80 отсто од препораките на ГРЕКО
Скопје, 28 април 2021  19 од вкупно 23 препораки кои ГРЕКО ги нотирала во извештајот од 2019 година, а требале да се имплементираат во 2020 година не се имплементирани или се недоволно и незадоволително направени. Владата на Заев не овозможила непречено работење на ДКСК, со тоа што на Комисијата не е овозможила целосна функционалност. Еден од најголемите проблеми е двојната улога на Љупчо Николовски, кој треба да биде и антикорупционер, а во исто време е и високопозициониран функционер и политичар. Николовски и практичен судир на интереси. Неговата функција повеќе кумулира моќ, отколку што служи за борба против корупцијата и криминалот. Според Греко имплементацијата на Кодексот на однесување е во рацете на заменик-премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, тоа не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО. Видовме како луѓе блиски до Николовски шверцале тутун, ја оштетиле државата и народот. Видовме и како тој си ги вработува роднините во администрација и како е главен теренаш на СДСМ, а глуми антикорупционер. Извештајот на ГРЕКО е само уште една потврда дека Владата не оди во добар правец, и дека државата со Заев тоне. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан