• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата испорачува иднина за младите, до 30 илјади евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти

ВМРО-ДПМНЕ: Владата испорачува иднина за младите, до 30 илјади евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти

Скопје, 8 октомври 2024 

ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети.

Досега на дело се виде обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува со новиот буџет фонд во висина од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години.

Млади на оваа возраст ќе добијат можност за грантови за поддршка во износ до 30 илјади евра.

На овој начин се стимулира домашната економија, се поттикнува економската активност, а воедно се создаваат финансиски независни и успешни поединци.

Дополнително за сите студенти се обезбедуваат ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата испорачуваат иднина за младите!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан