• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно исчезна кога советниците поставуваат прашања 

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно исчезна кога советниците поставуваат прашања 

Скопје, 26 септември 2024
 
Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд.
Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања.  
Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре.  
Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со неа.  
Скопје можеби нема метро, но очигледно има видлив неспособен градоначалник. 
Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, колку побрзо си замине, толку побрзо Скопје ќе тргне напред. 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан