• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВЛЕН: Мерките на министерот Дурмиши имаат ефект, граѓаните чувствуваат олеснување во џебот

ВЛЕН: Мерките на министерот Дурмиши имаат ефект, граѓаните чувствуваат олеснување во џебот

Скопје, 8 април 2025

 

Коалицијата ВЛЕН уште еднаш потврдува дека кога политиката се прави одговорно и во служба на граѓаните, резултатите не изостануваат. Мерките што ги презема Министерството за економија и труд, на предлог на министерот Бесар Дурмиши, носат конкретен ефект врз економскиот живот на граѓаните, ги спречуваат злоупотребите и ги намалуваат цените на основните производи.

Од 20 февруари 2025 година, воведени се ограничувања на профитната маржа на над 1.000 производи, како и замрзнување на цените за 8 групи основни прехранбени производи, вклучувајќи леб, млеко, масло, јајца и брашно, мерки насочени кон заштита на животниот стандард на секое семејство.

Последните податоци на ДЗС покажуваат дека инфлацијата само во март паднала за -1,3 отсто, доказ дека оваа влада е сериозна и ефикасна во справувањето со економската криза.

Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и паѓаат. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизирање на цените. Мерките ќе останат во сила до 30 април 2025 година за да се гарантира безбедноста и економската стабилност во чувствителен период за секое семејство.

ВЛЕН останува посветен на транспарентно, чесно и социјално владеење, бидејќи граѓанинот е во центарот на секоја одлука.

ВЛЕН

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан