• четврток, 26 декември 2024

ВЛЕН: Дојде време за одговорност

ВЛЕН: Дојде време за одговорност

Скопје, 25 декември 2024

Кога зборуваме за корупција, мислиме на ДУИ нон грата. Корупцијата не е болест, туку ноторна појава која е присутна во едно општество како резултат на ненаситни и деструктивни луѓе.

Претходната власт, особено партијата на црната листа ДУИ, исто така го злоупотреби процесот на попис на населението. И во овој сложен процес ДУИ не остави без злоупотреби и преку овој процес се обиде да ги збогати своите функционери. Тие мислеа само на џебот, а не на фер процес и олеснување на процедурите за граѓаните каде што ќе им овозможат на сите да се попишат. Потсетуваме, во овој период директор на Државната агенција за статистика беше Апостол Симовски, додека заменик директор беше Илми Селами од редовите на ДУИ, но во овој случај во процесот на регистрација тие имаа обврзан потпис.

За процесот на регистрацијата обезбедени се буџетски средства во износ од 7,9 милиони евра, од кои 49% од трошоците се наменети за техничка опрема, поточно за набавка на лаптопи.

За потребите за регистрацијата, на јавниот тендер се побарани 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, под услов веднаш да се испорачаат.

1. По завршувањето на јавниот тендер, со договорната страна е склучен анекс договор во кој е одлучено наместо целосна испорака на лаптопите, нивната испорака да се изврши во периодот од 05.11.2020 година до 18 декември 2020 година.

• Со ова имаме кршење на постапката за јавна набавка, при што предусловите за отворање на тендерот го ограничија учеството на други економски оператори.

2. Дополнително, имаме уште една прекршување при склучување на 3 анекс договори со истиот понудувач во износ од 30 милиони 255 илјади денари, односно околу 500.000 евра, без да се започне постапка за јавна набавка.

3. Од обврските кои произлегуваат од договорот беше предвидено да се формира работна група со задача да го изврши техничкиот прием на лаптопите по квалитет и квантитет, но тоа не се случи и прифаќањето во овој случај го извршил самиот директор на Заводот за статистика.

4. За техничката спецификација на лаптопите не е добиено позитивно мислење од Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија при Владата.

Почитувани

Ваквиот начин на спроведување на постапката за јавна набавка, со приложување на анекси кон основниот договор со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот и времето на плаќање предвидено во тендерската документација, без професионално и соодветно прифаќање на лаптопите, не обезбедува целосна транспарентност на постапката и не овозможува фер конкуренција на сите оператори. Во овој случај имаме работа со прекршување на законот. Како што потврди Државната ревизија, во овој случај имаме повреда на постапките за јавни тендери.

Прашуваме како се дрзнале да примат/испорачаат 5.650 лаптопи знаејќи дека немаат соодветна експертиза.

Коалицијата ВЛЕН ќе ги демаскира пред јавноста и ќе ги открие нивните вистински лица. Додека ДУИ заедно со нивните следбеници ќе остане само лоша приказна за Албанците. Партиа нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место.

Коалицијата ВЛЕН најави дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците, затоа го повикуваме Обвинителството да ги истражи овие злоупотреби при процесот на регистрација, кои се забележани и во извештајот на Државниот Завод за Ревизија.

Лагите, манипулациите и тајните зделки, мораат да излезат на виделина.

Дојде време за одговорност!

ВЛЕН

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото принтскрин

 

 

 

Остани поврзан