• сабота, 28 декември 2024

ВЛЕН: Дистанцирањето на Беџети не го оправдува молкот на Али

ВЛЕН: Дистанцирањето на Беџети не го оправдува молкот на Али

Скопје, 27 ноември 2024

На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина!

Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола
Груевски.

Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје.

Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети.

ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски? Што ве спојува?

Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во
земјава?

Али, немој да се двоумите и не се плаши бидејќи немате што повеќе да изгубите!

ВЛЕН

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан