• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВЛЕН: Грижа за работниците со дела, минималната плата ја зголемуваме на 400 евра

ВЛЕН: Грижа за работниците со дела, минималната плата ја зголемуваме на 400 евра

Скопје, 3 март 2025

 

Владата предводена од коалицијата ВЛЕН продолжува да ја демонстрира својата посветеност за подобрување на животниот стандард и економското зајакнување на граѓаните. Една од значајните мерки во оваа насока е зголемувањето на минималната плата на 400 евра (24.400 денари), што ќе почне да се спроведува од април и ќе се одрази на платите што работниците ќе ги добиваат во мај.

Како што најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ова зголемување е резултат на имплементацијата на законската формула за утврдување на минималната плата, која се заснова на 50 отсто од индексот на расходи за претходната година и 50 отсто од просечната плата. Овој механизам гарантира правично и одржливо зголемување на платите, обезбедувајќи граѓаните директно да имаат корист од економскиот развој на земјата.

Коалицијата ВЛЕН го смета зголемувањето на минималната плата како важен чекор кон подобрување на условите за живот и зајакнување на куповната моќ на граѓаните. Сепак, остануваме посветени на продолжување на реформите и другите мерки за поддршка кои позитивно ќе влијаат на благосостојбата на граѓаните и на економската стабилност на земјата.

Во оваа насока, Владата ВЛЕН ќе ја продолжи блиската соработка со синдикатите, бизнисите и сите релевантни чинители за да гарантира повисоки плати, подобри работни услови и фер економски развој.

Нашата заложба е јасна: да создадеме посилна, поправедна и поодржлива економија, каде секој граѓанин има можност за достоинствен живот.

ВЛЕН 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан