• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Влен“ ги прашуваат ДУИ зошто кога беа во коалиција не им пречеле антиалбанските ставови на Петар Богојевски

„Влен“ ги прашуваат ДУИ зошто кога беа во коалиција не им пречеле антиалбанските ставови на Петар Богојевски

Скопје, 10 април 2025

Коалицијата ВЛЕН има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања. Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии. Затоа, уште едно потценување на Албанците е кога ДУИ се обидува да пласира теза дека ЕУ интеграциите на Македонија наводно зависат од ваков лик. Прашањето е зошто ДУИ пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојевски бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков? За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките. Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците.

Коалиција Влен

________________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан